Активноста на Гејзер е предизвикана од површинска вода која постепено се спушта низ земјата сè додека не се сретне со карпести загревани од магмата. Геотермално загреаната вода потоа се крева назад кон површината со конвекција преку порозни и фрактурирани карпи.
Геотермалната енергија работи со употреба на пареа и топла вода од подземни базени што се загреваат од магмата од зeмјината кора.
Според Geothermal Energy Association во моментов има над 80 држави кои имаат геотермални централи.
Здружението за геотермална енергија е трговска организација на САД во корист на проширувањето на користењето на геотермалната енергија ширум светот.
Во минатото геотермалната енергија била достапна само на места каде што топла вода течела на површината,
но со напредокот во ова поле ние сме во можност да ја искористиме моќта на овој природен ресурс.
Има 3 вида на геотермални централи:
Сува пареа:
Најзастапениот вид на геотермални централи е т.н. Централи на сува пареа. Тие работат тако што пропуштаат топла пареа од подземни резервари низ цевки, за да движат турбини кои создаваат електрична енергија.
Флеш пареа:
Флеш пареа за разлика од сувата пареа работи користејки топла вода. Водата е пумпирана преку цевки во резервар на површината каде што "флешира" т.с. се претвара во пареа, која движи турбини. На крајот од прецесот водената пареа кондезира и се враќа во земјата.
Бинарна пареа:
Бинарни централи работат со употраба на два вида течност(добивајки го името бинарни). Топлата вода од земјата се користи да згрее течност(со пониска температура на испарување) преку цевки кои минуваат низ резерварот на втората течност. Пареата создадена движи турбини кои создаваат електрична енергија. Водата користена во процесот се враќа во земјата.
Во сите три случаи водата се враќа во земјата.
Геотермална енергија е добар извор на обновлива енергија. Бенефитите вклучуваат ниски емисии, нисок јаглероден одпечаток и минимал околински ипмакт.
Геотермалната енергија може да се користи и за рециклирање на вода.
→ Геотермалната енергија е стара повеќе од 2.000 години и се верува дека за прв пат се користи во Кина.
→ До 2050 година, американските геотермални постројки би можеле да ја снабдат земјата со 10% од нејзината електрична енергија.
→ Исланд е дом на многу вулкани, топли извори и гејзери; 87% од домовите на земјата се загреваат со употреба на геотермална енергија.
→ Системите за геотермални пумпи можат да се користат и за загревање и за ладење на вашиот дом, благодарение на изолационите својства на Земјата.